Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод почетокот на Рамазанскиот пост.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаху, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, посакуваќи им лесни Рамазански пости.
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од муслиманска вероисповед да Ви упатам честитки по повод почетокот на најсветиот муслимански месец- Рамазан.
Возвишената симболика на месецот Рамазан нека го поттикне она што е највредно во човекот, олицетворено во милосрдието, довербата, толеранцијата и почитувањето на другиот. Историските вредности на соживот – меѓуконфесионалната и меѓуетничката хармонија нека бидат наша светла водилка за иднината.
Ви посакувам мир, здравје и спокој, споделувајќи ја радоста на овој месец со Вашите ближни, семејството и пријателите.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}